October 31, 2011

Е-курс за учење на Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП)


За сите заинтересирани кои сакаат да научат повеќе за Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП или CAP), Groupe Bruges организира бесплатен онлајн курс за историјата на ЗЗП и нејзиниот политички контекст.
Курсот е наменет за студентите на земјоделство, земјоделско стопанство, рурална социологија, агрономија итн. Учесниците можат да се регистрираат почнувајќи од 1ви ноември 2011.


За повеќе информации, видете ја брошурата.

October 30, 2011

Обука за градење на капацитетите на граѓанските организации за политиките на ЕУ поврзани со природата


Тренингот се одржа од 24ти до 28ми октомври во Ваљево, Србија. Вероника Фердинандова и Борис Ерг од IUCN ги поздравија присутните и дадоа краток вовед во политиките кои се значајни за овој тренинг.

Првиот ден се зборуваше за Еколошките Мрежи, концепт претставен од Лоренс Џонс-Волтерс од ECNC. Еколошките поврзување се дискутираа и на вториот ден заедно со концептот за Зелена Инфраструктура, како и важноста на EIA и SEA. Овие сесии ги држеше Биотоп, а исто така организираше работилница која го симулира процесот на
EIA и SEA со учесниците кои дејствува како стејкхолдери. На третиот ден се зборуваше за NATURA2000 - концептот на управување и претставување на пошироката јавност. Следниот ден Марк Редман зборуваше за централна политика на ДЕМ во проектот, Политикта за Рурален Развој и на ЗЗП. Имаше сесија за Земјоделство со Висока Природа Вредност , како и идни политики, промени и нови можности. На петтиот ден беше организирана екскурзија до Ваљевските планини, каде што учесниците идентификуваа видови и живеалишта и го симулираа процесот на назначување на еден сајт како локација од CI или SPA.

ДЕМ беше присутна со учесници од нејзините членки - Еко Мисија и ЕД Злетовица, и учесници кои доаѓаат од други поканети НВО-а како Еко-Скоп, ЦеПроСАРД, Greener, Bivium, и Еко-Свест.


                                           Работилница за HNV земјоделство на Балканот
                                              Натура2000 и Анексите за Птици и хабитати
                                             Теренско патување во Ваљевските планини
Ваљевски планини

October 06, 2011

ПОКАНА ЗА ТРЕНИНГ 24ти-28ми Октомври 2011 пријавете се до 14.10.2011!!!


За сите кои се дел од некоја организација поврзана со животната средина:

Со задоволство ве известуваме дека набрзо ќе се одржи тренинг работилницата која е дел од нашиот проект во соработка со IUCN, "ЕУ политики и стратегии за животната средина во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за имплементација за ЕУ политиките и стратегиите за животна средина во Македонија, Црна Гора и Србија". Тој ќе трае од 24ти до 28ми Октомври а ќе се случува во Ваљево, Србија. Темите кои ќе бидат покриени на овој тренинг се концептот на Зелена Инфраструктура, разгледување на влијанието врз средината, НАТУРА2000, како и регулативите за руралниот развој на Европската Унија. 

Присуството на здруженијата на граѓани е од особено значење за овој тренинг бидејќи тие ќе бидат преносители на пораката и идните тренери во своите земји. 

Затоа доколку сметате дека можете да ги одговорите следните прашања, пријавете се во текот на следната недела (најкасно до петок 14.10.2011) со биографија за вашата огранизација на  ekologisti_mk@yahoo.com со мејл насловен ТРЕНИНГ.
 
1) како е вашата организација инволвирана во имплементација/ развој на политиките на ЕУ поврзани со животната средина?
2) како здобиените знаења од тренингот ќе бидат пренесени назад во организацијата?
 
Биографијата и информациите на овие две прашања да не бидат подолги од 1-2 страни. 
Повеќе информации ќе има наскоро на нашиот блог, а оние кои ќе не исконтактираат ќе добијат официјална покана. Патните трошоци и сместувањето се покриени од страна на организаторот.

За било какви детали или прашања, пишете ни.